ВЕЖБИ ЗА ИМЕНКИ
ИМЕНКИ
|
МОРФОЛОГИЈА - дел од науката за јазикот која ги проучува формите на зборовите.
ЗБОРОВНИ ГРУПИ образуваат зборовите кои имаат заедничко значање и заеднички особености. Зборовите се групираат во зборовни групи според заеднички карактеристики. Има единаесет зборовни групи. Според морфолошката класификација зборовите се поделени на две групи: менливи и неменливи. |
Поделба на именките:
сопствени општи
Јана, Мила, Вардар калинка, река, љубов
апстрактни конкретни
разум, моќ, жед дете, славејче, планина
избројливи неизбројливи
брод, тетратка, креда стока, храна, жито
збирни материјални
свет, мебел, население сол, шеќер, сребро
-Сопствените именки именуваат единечни предмети или суштества.
Сопствените именки се пишуваат со голема буква.
-имиња на луѓе (прекари, псевдоними) и животни: Евзија, Оливер, Алмина, Емилија, Џиџи, Шарко),
-географски имиња: Јабланица, Црн Дрим, Бистра, Караорман;
- празници: Бајрам, Божик;
- имиња на институции: Средно стручно училиште ,,Ацо Русковски“ ;
-имиња на објекти: Слаткарница ,,Јагода“;
-имиња на уметнички дела, емисии, списанија, весници и др.,,Нова Македонија“, ,,Повик на дивината“ , ,,Тротоар“ и др.
-Општите именки - именуваат суштества, предмети и појави со заеднички општи карактеристики (пр.: клупа, дете, пиле, мама).
Општите именките може да се поделат на апстрактни (не може да се допрат или видат, може да се почувствуваат) и конкретни (може да ги допреме).
-конкретни именки: човек, врата, галеб, книга и др.
-апстрактни именки: светлина, радост, среќа, тага, среда, лето, љубов и др.
-избројливи - (можат да се избројат) - јаболка, моливи, гуми и др.
-неизбројливи - (не можат да се избројат) - стока, храна, жито и др.
-збирни именки означуваат множество од еднородни предмети кои се целина (население, мебел, членство). Тие се во еднина, а означуваат множество - не можат да образуваат множина.
-материјални именки го посочуваат материјалот од кој се направени / составени (вода, шеќер, волна, челик).
ВЕЖБИ:
-Направи морфолошка анализа на следниов тест, а именките објасни ги по вид!
Радост
Ајше, Амела,Тамара и Ремзије тргнаа кон училиштето. Во дворот имаше многу народ. Учениците се насобрале и нестрпливо чекаа да тргнат кон паркираните автобуси. Весело пеење се слушаше од група нивни другарчиња. Радост и возбуда се гледаше на сите лица. Тука се и родителите. Толку свет немало одамна во училишното игралиште.
-Проnајди ги именките во седниве реченици и објани ги по вид.
Пр.: 1. Група деца меѓу кои беше и Миле заминаа на прошека на највисоката планина во беровскиот крај.
2. Рој пчели летнаа високо на небото.
3. Имаше многу лисја на тревата, тоа беше сигурен знак дена веќе настапила есента.

Определеност кај именките
ВЕЖБИ ЗА ДОМА
ВЕЖБА 2. Посочи ги членуваните зборови и објасни ги: играњето, ситромашното дете, мојата мајка, мајката моја, жалното пеење ...................................... што забележуваш во примерите, кои зборови се членувани? ВЕЖБА 3. Забележи кои зборови се именки во следнава низа и членувај ги: забележи, мајка, мој, два, крстозбор, крстосница, крваво. |
|