АКЦЕНТСКИ ЦЕЛОСТИ
Вежби:
1.Пронајдете ги акцентските целости во следниов извадок!
„... Лорета маку накуцнуваше, недостаток што ѝ се јавил уште од раѓање... Во училиштето каде што учела порано, некои деца ѝ се потсмевале, правеле шеги со неа и таа тоа низ солзи го преживувала и одболедувала. Се правела дека не слуша, но насамо леела сози. Се затворила во себе, избегнувала да контактира со децата... .“
2. Прочитајте го текстот, прво во себе, потоа пронајдете ги акцентските целости и запишете ги на следниов начин: со-мене, не-му-вели...
„Недела беше ден кога редовно за ручек имаше месо. Затоа и толку ги сакав неделите. Ручекот беше готов меѓу еден и два. Не се сеќавам дека некој можеше да отсуствува од неделниот ручек. Не можев дури ни да замислам што ќе се случеше ако помеѓу еден и два со брат ми излезам подалеку од дворот. Закон беше тоа сите да ручаме заедно.
Мајка ми му ги подаваше чиниите на татко ми, а тој ги полнеше прашувајќи дали е доволно, а редовно ги полнеше до врв. А ние, пак, не се осмелувавме да му речеме...“
*ЗАБЕЛЕШКА: Вежбата да се доработи дома, доколку не се срботи како активност на час!

Видови акцентски целости и правила за нивно акцентирање
1. Акцентирај ги следниве примери, внимавај на кој начин се акцентираат зборовите!
Пр. врв, мама, драг, браќа, пријател, татковина, татковината, сосила, кој-годе сончоглед, лапниголтни...
- Објасни ги на следниов начин:
врв - едносложна именка со акцент на единствениот слог;
мама - двосложна именка со акцент на__________ од назад кон напред.
ЗАКЛУЧОК: Акцентот во македонскиот јазик кај простите зборови се бележи кај едносложните зборови на _________, кај двосложните зборови на ____________ броејќи од ___________________, кај трисложните и повеќесложните зборови на ________ броејќи од назад кон напред, но и одередени сложеники се подведуваат под истите правила (содржина од минатата година).
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. Акцентирај и објасни ги следниве примери:
- југоисток, малкунѕа, годинава, толкунѕа, зимава, носејќи...
ЗАКЛУЧОК: Кај одреден број зборови и зборовни форми се забележува отстапување од третосложното акцентирање и акцентот паѓа на вториот слог броејќи од назад кон напред и тоа: глаголски ________, ________ прилози, деминутиви, одделни слож_____ .

3. Акцентирај и објасни ги следниве примери:
- црн пипер, Долни подлог, твоја глава, трета вечер, тој ден, кисело млеко, овој пат, една страна, пет пари, малку време, колку пари, многу деца....
- црн пипер - акцентска целост: ______и именка;
- Долни подлог - акцентса целост: придавка и ________;
- твоја глава - акцентска целост: ________ и именка;
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
4. Акцентирај ги акцентските целости во следниве реченици:
- Два- три дена не дојде?
- Што деца беа тоа?
- Колку пари чини тетратката?

Вежби за безлични глаголи
Вежба 1.: Определи ги видовите на глаголите во речениците и нивните граматички категории.
1. Јована истрча на улица. 3. Лиле учи за тестот.
2. Родителите ги бараа децата. 4. Ние ќе одиме во циркус.
Вежба 2.: Поронајди ги безличните глаголи во извадокот и објасни ги.
,,... Ноември. Денот трае се пократко. Ноќта се спушти над градот. Студи. На небото надоаѓаат тешки темни облаци. Силно загрме. Се исплашив и се покрив преку глава. Се слушаше како крупни капки удираат на прозорецот. Заврна силно. Ми се спие многу, но силните звуци на дожд и грмотевиците ме плашеа многу...”
Вежба 3.: Напиши три реченици со безлични глаголи кои ќе означуваат природни појави и три кои ќе означуваат душевна состојба.
Вежба 3.: Пронајди кои реченици се безлични и објасни ги.
1. Тони излезе во дворот. 4. Многу ме исплаши.
2. Ветрот дувна одеднаш. 5. Денес ми се спие.
3. Одеднаш силно заврна. 6. Таа ги викна децата.
7.Дојдовме рано од излет.
Вежби за нелични глаголски форми
Техника грозд - ПРОСТИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ | |
File Size: | 94 kb |
File Type: |
Вежби за прости и сложени глаголски форми
1. Определи ги простите и сожените глаголски форими во речениците според барањата:
- Здравко нема научено за денеска. а) проста глаголска форма б) сложена глаголска форма
- Јас ја имам прочитано лектирата.
- Баба плетеше џемпер.
- Маре оваа година би одела на одмор.
- Вие ќе останете на дополнителна настава.
- Утре нема да дојадам на работа.
- Тие имаа постапено според барањето.
- Тој беше мој најдобар другар.
- Моето име е Јулија.
- Утре би одговарале на час.
2. Дополни ги речениците според барањата за да бидат во сегашно време!
1. Кирил /шета/ __________ по кејот во нашето гратче.
2. Ние /сум/_______ пораснати на иста улица, иако сега /живее/ _______ во различни градови.
3. Мила и Маја /умее/ _________ навистина убаво да /прераскажува/ _____________ приказни.
4. Никако тој не /сфаќа/ ________ дека јас /мора/ _____ да внимавам на однесувањето.

3. Објасни ги сите глаголи по вид во речениците и појасни какво дејство искажуваат!
1. Додека се вратив, вие веќе ја одговоривте вежба со бр. 2.
2. Ако успеам да ги завршам сите обврски, ќе дојдам на договореното место.
3. Дури и да бев подобро, не доаѓам на работа.
4. Додека не ја подобрите дисциплината во одделението, нема да добиете високи оцени!

4. Класифицирајте ги следниве глаголи во која основна глаголска група спаѓаат и објасни ги по вид!
- трчаше, исплетеме, живеам, другаруваше, пропаѓаат, градам, жали, замислувам, поздравување, исели, работиме, препишуваме, подзамижувавме, потропна...
Дополнителна вежба:
5. Определи ги глаголите според составот, на две основни групи: прости и сложени глаголски форми, потоа објасни кои глаголи се во сегашно време, кое лице, кој број и каков е глаголот по вид!

Тајна
Сашка ги набљудуваше рипчињата во аквариумот. Едно рипче и рече:
-Те молам, извади ме и однеси ме во реката. Јас ќе ти исполнам три желби.
-Колку што знам, желби можат да исполанат само златни рипчиња фатени во река, езеро или море. А ти?! Никогаш не сум чула дека аквариумско рипче исполнило нечија желба. Впрочем, ако ти можеш да исполнуваш желби, како си се нашла овде? - праша Сашка.
-Сосема случајно. Заедно со шарените рипчиња ме фатија и мене. Само за тоа никому ни збор. Нека биде тоа наша тајна. Ако ја дознае некој друг, желбите ќе останат не исполнети - рече рипчето.
-Хм, - почна да размислува Сашка: „што би посакала јас сега?“
Размислуваше, размислуваше и реши дека би било добро да посака: велосипед со гуми што никогаш нема да се пумпаат, молив што самиот ќе пишува и капа која, штом ќе ја ставиш на главата, ќе може да дава одговор на секое прашање.

- Прости глаголски форми се: __________________________________________________
- Сложени глаголски форми се: _________________________________________________
Вежби за предлози и сврзници
1. На празните линии од овој текст запиши по еден предлог што, според тебе, одговара во конкретна ситуација.
Патуваме ______________ исток. ______ прозорецот ____________
автомобилот се гледаат стотици села, ридови и дрвја. А _____________
телефонските столбови број не им се знае. Пријатна свежина влегува
____________отворениот прозорец _____________ автомобилот.___________ нас здогледавме чешма. Застанавме. Излеговме _____________автомобилот и се стрчавме право ________чешмата.
Весна стои и гледа_______________ камената плоча _______коритото ______ кое жубори водата. Се обидува да прочита некои ________________одамна врежани букви, сега обраснати ______зелен мов...
2. Дополни ги речениците со соодветни предлози и објасни го нивното значање!
а) Го чистеа прострот ____________училиштето.
б) Овој молив е _______ другарка ми.
в) Ја научив лекцијата __________ голема мака.
3. Определи го значењето на предлогот на во речениците:
а) Ние седевме на терасата и пиевме кафе.
б) Тој молив е на Марио.
в) Тони се врати на работа откако заврши претставата.
4. Употреби соодветни сврзници во следниве реченици:
а) Вежбаа упорно, ________очекуваа добар резултат.
б) Брзав___________ веќе доцнев десетина минути на час.
в) Дојди ти, _______________ќе дојдам и јас _____________ учиме.
г) Научив речиси сѐ, _____ повторно се збунив.
Пронајди ги предлозите и сврзниците во следниов извадок:
Околу куќата имаше посадено неколку дрваја, но не само тоа, цветаа и безброј цвеќиња мали и големи. Се изгледаше како волшебен рај за очи. За да биде се магично на средината имаше прекрасна фонтана од која извираа три мали и жуборливи изворчиња. Само едно недостигаше џагорот и смејата на децата. Заради нив куќата повеќе не беше иста.
Повторување и вежби на содржини од морфологија и синтакса
1. Вежба:
Да се пронајдат зборовите од менливата група и да се класифицираат: именки, придавки, заменки, броеви, глаголи.
Maлиот елен
Младиот елен долго стоеше на ритчето со гордо крената глава, на која се разгрануваа големи и силни рогови, тој долго насилушнување, но освен оние далечни удари од секира, ништо друго не му допре до ушите.
Глетката пред него беше чудесно убава, величествена: редица темни, белокрили брези со сребрени лисја полеани со сончеви зраци мируваа во тихиот планински предел. Тие еленот го потсетуваа на срните: тенконоги, со плашлив поглед, со очи топли и влажни, вечно жедни за нешто... .
2. Вежба:
Да се пронајде подметот и да се објасни кој вид на збор е во функција на подмет, да се пронајдат прирокот и прилошките определби и да објаснат.
а) Утринава гулабот тивко долета на прозорецот по храна.
б) Дедо ми донесе цела кошница со јаболка и ја осави на масата.
в) Тие се налутија зашто го загубија натпреварот и силно се скараа.
г) Сонцето не мамеше надвор цел ден.
д) Последниот постигна време од 2 минути на денешниот напревар.
ѓ) Ти брзаше при денешното читањето.
3. Вежба:
Пронајди ги подметот, прирокот и прилошкиоте определби и класифицирај ги во следниов текст.
Сите ученици беа на игралиштето. Тие беа нетрпеливи да почне натпреварот во кошарка. Кошаркарите од нивното училиште се натпреваруваа со соседното училиште. Натпреварот беше решавачки која екипа ќе биде првак во општината. Навивачите пееја, ракоплескаа, викаа, а со тоа ги бодреа своите миленици. Судијата го означи почетокот. Погодокот на нашиот кошаркар предизвика вистинска бура.

Вежби за предмет и видови предмет
1. Вежба:
Потцртај ги предметите и определи го нивниот вид.
а) Сонцето ги распосла зраците над езерото.
б) Марко известиваше за настанот.
в) Продавачот им се обрати на присутните.
г) Наставничката им се обрати на недисциплинираните.

Удвој ги предметите во речениците.
а) Наставничката ги посоветува.
б) Сношти ви објаснив.
в) Предавачот им се обрати.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3. Вежба:
Пронајди ги и подвлечи ги речениците во кои има удвојување на директниот и индиректниот предмет.
Една ноќ ги видов Никола и Јаков на ветровитиот плоштад. Никола седеше на земја покрај фонта -ната. Јаков, пак, спиеше потпирајќи ја главата на рамото од брата си. Им се приближив на децата и ги прашав:
-Зошто не сте дома, в кревет?
-Го чекаме последниот автобус. Со тој автобус ќе пристигнат и весниците што ние им ги продаваме на читателите, - ми одговорија ти.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
4. Вежба:
Направи синтаксичка анализа на следниве реченици.
а) Наставничката ѝ раскажа на мама што направив на училиште.
б) Биле ги изеде црешите.
в) Таа му помогна нему да ја реши задачата.
г) Наставничката ги караше нив.
д) Таа разговараше со него.

ВЕЖБИ ЗА СЛОЖЕНА РЕЧЕНИЦА
1. Вежба:
Определи колку дел реченици има во составот на сложените реченици.
а) Учениците стануваа и прашуваа.
б) Писателот ги запишуваше прашањата на хартија пред себе, се насмевнуваше, а потоа одговараше на поставените прашања.
в) Предавачот им се обрати на присутните и поразговара со нив.
г) Наставничката им се обрати на недисциплинираните и ги опемена.
2. Вежба:
Обиди се да образуваш сложени реченици со помош на следниве глаголи дадени во парови.
тргнал-бара, сретнал-прашал, дошол-седнал, стигнал-влегол, седи-гледа, чита-размислува
3. Вежба:
Пронајди ја апозицијата и обасни кој реченичен член го појаснува.
а) Пливањето, неговата голема љубов, му одзема многу време.
б) Димитар Миладинов, собирач на народни умотворби, е родум од Струга.
в) Скопје, главниот град на РМ, е нашиот најголем град.
4. Вежба:
Направи синтаксичка анализа на следниве реченици.
а) Невозможно е да објаснувам во ова одделение, зашто вие сте недисциплинирани и постојано зборувате.
б) Утрото се појави со румена насмевка на сонцето и заблеска со сета своја убавина и моќ.
в) Таа дојде кај мене, но јас веќе бев излезена на гости.
г) Наставничката ги караше нив, а тие пак си тераа по свое.

Чек листа за самооценување
Вежби за сложени реченици
1. Вежби: Направи синтаксичка анализа на следниве реченици и објасни ги! (сврзнички, бессврзнички, независни, зависни)
1. Додека северната светлина ладно блескаше над глава и ѕвездите трепкаа во студената игра, а земјата беше сета вкочанета и замрзната под снежната покривка, оваа песна на хаските можеше да биде непокорност пред животот, сепак повеќе личеше на молба пред животот – израз на мачно живеење.
2. Тој не можеше ништо да изговори, му ја стисна раката и си замина.
3. Вчера ја сретнав Мира, мојата најдобра другарка, па си продолживме заедно со шетањето и купувањето.
4. Тој човек му го спаси животот, и тоа занчеше нешто, а освен тоа беше совршен господар.
5. Марко не отиде на училиште, затоа што беше болен.
6. Марија отиде на кино, а јас се вратив дома.
7. Дојде кај мене, ми ги донесе потребните материјали.
8. Мира, мојата најдобра другарка, е болна, па јас ја посетив денеска.
9. Дојде на училиште, седна на своето место.
10. Денеска пристигна од странство, но по два дена ќе си замине повторно.