АКЦЕНТОТ НА ТУЃИТЕ ЗБОРОВИ
-Акцентирај ги следниве зборови, внимавај на отстапувањето од третосложното акцентирање!
Пр.: мама, трчајќи, зимава (оваа), литература, историја, балкон
Во македонскиот јазик постојат голем број на зборови кои навлегле или биле преземени од туѓи јазици. Некои од нив наполно се вклопиле во третосложното акцентирање (една од главните одлики на нашиот јазик за разлика од другите словенски јазици), некои примиле друг тип на акцентирање (отстапување од третосложното акцентирање), а некои го задржале акцентот од јазикот на кој му припаѓаат.
При акцентирањето на туѓите зборови треба да се раководиме од неколку правила:
1. На третиот слог од крајот на зборот акцент имаат:
-Именки кои завршуваат на наставките: -ија, -иум, -ика, -ичар
Пр.: биологија, поезија, германиум, граматика, критичар...
-Зборови со разни завршетоци:
Пр.: микроскоп, монолог, студио, радар...
2. На вториот слог на крајот од зботот акцентот стои кај:
-Кај туѓите именки кои завруваат на –ура, -алец, -ивец
Пр.: матура, култура, литература, гимназијалец, социјалец, генијалец, оперативец...
-Кај туѓите придавки што завршуваат на: -ален, -ивен, -иран
Пр.: социјален, национален, комерцијален, комуникативен, оперативен, талентиран, регистриран...
-Глаголи што завршуваат на наставката –ира:
Пр.: компонира, телефонира, манифестира, инсталира...
3. На првиот слог на крајот од зботот акцентот стои кај:
-Туѓите именки кои завршуваат на самогласките: -е, -и, -о или –у:
Пр.: ателје, сиже, клише, експозе, жири, депо, плато, интервју...
-Туѓи именки што завршуваат на согласка:
Пр.: сателит, коментар, лексикон, теписон, реквизит, апарат...
4. Некои туѓи зборови се акцентираат двојно (со домашен и туѓ акцент):
Пр.: бѝлет-билѐт, ба`лкон-балкόн, рѐшо-решό...
*(Акцентскиот знак не е правилно напишан од технички причини - вие ги знаете правилата и применувајте ги! )
1. Вежба: Акцентирај ги сите зборови во следниов текст.
„...Уметникот упорно сликаше во своето атејле. Тој располагаше со многу стручна литература од областа на сликарството. Секоја негова слика симболизира некој пејсаж од природата. Животот на сликарот секогаш е драматичен, а неговиот организам е навикнат на издржливост и многу работа... .“

Минато неопределено несвршено и свршено време
Конструкции со има и сум
1. Наброј кои се сложени, а кои прости глаголски форми?
----------------------------------------------------------------------
2. Определи кои се прости, а кои сложени глаголски форми во следниве реченици:
а) Вие сте добредојдени секогаш. ____________________________
б) Денес сум напишал една песна. ___________________________
в) Горан ќе учи и шпански оваа година. __________________________________
г) Тие ја имаат играно оваа игра. _____________________________
д) Изградија ново игралиште. ________________________________
ѓ) Тој би дошол доколку го поканиме.__________________________
3. Какви дејства искажува минато неопределено свршено и несвршено време?
4. Како се образува минато неопределено свршено и несвршено време?
5. Какви дејстава се искажуваат со идно време?
6. Од какви глаголи се образува (свршени, несвршени и повторливи)?
7. Да се менува по лица глаголот соопштува во идно време?
8. Следниве реченици да се трансформираат во идно време:
а)Јас сум ја заборавил лектирата.
б) Гостите доцнеја еден час.
в) Сме тренирале цело попладне.
9. Која е разлката помеѓу конструкциите со сум и има?
10. Што означуваат глаголските форми за можен начин?
11. Како се образува можниот начин?
12. Во кое лице можниот начин разликува форми за род?