Повторување за авторска и народна поезија
ЗАЉУБИЛ СТОЈАН МАРИЈА
Заљубил Стојан Марија, не може да си ја види, и си ја праша мајка си: “Умрев, мајко ле, загинав, как да ја видам Марија?” Мајка му тогај велеше: “Стојане, синко, Стојане! Ак ти сум мајка маштеа. што ќе ти речам, да сториш: поарчи азно сребрено, напрај си чешма мраморна; сите девојки ќе дојдат, водица да си залеат, белки ќе дојде, Стојане, и твоја бела Марија!” Стојан си мајка послуша: напраи чешма мраморна, напраи тасој сребрени и синџирите јалдази, поарчи азно големо. Сите девојки дојдоа, чешмата да ми ја видат, водица да си залеат, Марија не ми дошла. Излезе Стојан, излезе, со шарен кавал свиреше и на мајка си велеше: “Изгорев, мајко, изгорев, Марија не си ја видов!” Тогај му вели мајка му: “Стојане, синко Стојане! Ак ти сум мајка маштеа. послушај што ќе ти речам. Легни си, Стојан, умри си; сите девојки ќе дојдат свеќица да ти запалат, белки ќе дојде, Стојане, и твоја бела Марија!” Стојан си мајка послуша: легна си Стојан од наул, легна си Стојан, умре си. Сите девојки дојдоа, свеќица му донесоа. И бела Марија ми дошла, кискица му е донесла, високи гласје е дала: “Стојане, мили Стојане! На живот не се видовме, на смрт ќе се видиме!” Окото му е на поглед, раката му е на пограб, ногата му е на потскок. Тогај си Стојан рипнало, та си пограбил Марија. -Македонска народна песна |
АЈДЕ ЖАЛАЈ МЕ, МАЛИНО Ајде жалај ме, Малино Ајде жалај ме, Малино моме, плакај ме, Оти јас ќе одам, Малино моме, комита. Ај низ таја, Малино моме, Пирин Планина, на кумитските, Малино моме, зборишта. Ајде отиди, Малино моме, в градина, ајде набери, Малино моме, китка трендафил. Ајде накити, Малино моме, Делчев војвода и неговата, Малино моме, верна дружина. -Македонска народна песна ГЛАС Пак ме сонуваше, нели? Не реков: не. Не пуштив гласен крик. Сон си ми, сон си ми, бдеења цели, секој ден, секој час, секој миг. Сон биди, сон што ме мами, сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање. За да се разберам колкав сум самик, да го зачекорам честакот Човешко Страдање. Пак ме сонуваше, нели? Да реков: да, ќе пуштев гласен крик. Сон си ми, сон си ми, бдеења цели, сон вечен, вечна недостиг. -Гане Тодоровски ПЛАН:
Поетскиот јазик Авторска- народна Стилски фигури Аудио-визуелни елементи Мотив Лирско Јас Вид на песна спорд мотивот |
Повторување, вежби и анализа на песни со примена на стекнати знаења
ВЕЗИЛКА
Везилке, кажи како да се роди Проста и строга македонска песна Од ова срце што со себе води Разговор ноќен во тревога бесна? — Два конца парај од срцето, драги, Едниот црн е, а другиот црвен, Едниот буди морничави таги, Другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, Песна од копнеж и песна од мака, Ко јас што везам на ленена риза Ракав за бела невестинска рака. Судбинско нешто се плело за века Од двете нишки, два созвучни збора, Едната буди темница што трека, Другата буди вкрвавена зора. |
УСПИВАЊЕ НА БОЛНО ДЕТЕ
Заспи ми, мило, смири се веќе, Болно си, мое сине. На сон ќе видиш јагне и цвеќе, Болката на сон ќе мине. „Мајчице, саноќ над мене биди, Чувај ме, страшно ми е: На пајажинана онаму види Жолт пајак крв што пие!“ Не, сине, тоа месецот грее И ѕвезди в небесни страни. Не бој се, мајка саноќ ќе бдее, Нани ми, нанкај, нани. |
СПОМЕН ЗА СЛАВЕЈ
Тој час мој заден спомен да бим бидел -- Јас тебе, вишен Славеј, би те видел И оној килим по рудини твои Со златест прелив како со трепет сум пазел По таа убост леко да би газел. На цветна лака се намерив скоро, Не цвеќе било — девојчинско оро, Не цвеќе било — малесорски вити, Со нивна лика гора лика кити. Тој час мој заден поглед да би бидел, Во сиња магла Струга би ја видел; Од врвот вишен, пред нерврат да фатам, О езеро, јас поздрав ќе ти пратам. |
ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
Писмената работа е дело на вашата фантазија, затоа дозволете мислите за зборуваат за вас, а раката да биде креатор на убаво обликуваниот збор!
Теми за прва писмена работа: 1. Опис на лик од лектира – Големи и мали 2. Влијанието на климатските промени врз биодиверзитетот 3. Боите на приридата го маѓепсуваат нашето срце |
ВАЖНО!Писмените работи се пишуваат со кирилични букви и македонска подршка, ЗНАЧИ никако не смее да се пишува на латинични букви. Притоа мора да внимавате на КОМПОЗИЦИЈА НА ТЕКСТ (воведен, глевен завршен дел), и да ги пишувате малку навнатре, после секој инерпункциски знак ЗАДОЛЖИТЕЛНО се остава празно место!
|
Наставно ливче за стилски изразни средстав
Наставно ливче |
Наставно ливче |
Наставно ливче |
|
|
|
Наставно ливче |
|
Наставно ливче |
-Сите прашања под број три носат по два бода, а останатите само по еден бод! Вкупно пет бодови!
Агедна на оценување: 1=1, 2=2, 3=3, 4=4, 5=5
Агедна на оценување: 1=1, 2=2, 3=3, 4=4, 5=5
Продолжување на текст по даден почеток
---------------?????------------1
Си била еднаш една сиромашна жена која си родила синче, а бидејќи се родило во постелка за која народот сметал дека е среќна, му прорекле дека ќе се ожени со принцеза. Се случило набргу потоа да дојде кралот во селото, но никој не знаел дека тоа е тој и кога ги прашал луѓето какви новости има, му договориле: -Овие денови се роди дете со среќна постелка: што и да направи, се` се завршува среќно за него. Му прорекоа дека ќе се ожени со принцеза... |
|
-------------?????------------- 2
Во дамнешно време во една воденица си живеел некој стар воденичар, кој бил ерген. Кај него работеле тројца чираци. Тие неколку години му служеле во воденицата. Еден ден им рекол: -Веќе сум стар. Сакам да се повлечам и вам да ви го препуштам занаетот. Појдете по светот и оној што ќе ми донесе највреден подарок ќе ја наследи воденицата, но затоа ќе мора да се грижи за мене се` до мојата смрт... |
|