ЕЛЕГИЈА - лирско епска песна
Мајка Ангелина си ја жали својата ќерка
Леле, леле јас сирота Ти се молам, Разделино, - име
јас сирота од господа, поврати се уште еднаш
да ми умре Разделина. нажали се, поврати се,
Немој ќерко, немој слатка, немој оди друг вилает, - свет
немој, ќерко, не кандисуј, - не се согласувај оти, ќерко, којшто ошол,
да оставиш своја мајка којшто ошол, не се вратил.
за да биди кукавица. Оти ти си многу болна
Немој ќерко, немој слатка, и не можеш да доодиш.
не предавај твоја младост, Послушај ме, златна ќерко,
за да влезеш в црна земја: тебе мајка не те лажи.
црна земја е студена, Проговори уште еднаш,
таму има црна змија, и на мајка да и кажиш
црна змија троглава, кај те боли твое срце,
ќе ти пие твојте очи; твое срце отруено
таму има многу црви, од пустине горки билки;
ќе ти јадат твојта снага, дали од нив ти се згнаси,
твојта снага фиданлија.- млада да што си се намуртила?
|
ЕЛЕГИЈА
Лирско-епска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија. Името го добила од грчкиот збор elegion - тажаленка. Причини на поетот можат да бидат: смртта на некој близок, жал за младост, загубена љубов, посакувана среќа, осаменост. Тажни чувства можат да се опејуваат поради состојбите во татковината, изгубената слобода. Елегии во македонската литература пишуваат: Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов. |
ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
Писмената работа е дело на вашата фантазија, затоа дозволете мислите да зборуваат за вас, а раката да биде креатор на убаво обликуваниот збор!
Теми за прва писмена работа: 1. Опис на лик од лектира 2. Водата и климатските промени 3. Вистинска среќа е да имаш најдобар пријател |
ВАЖНО! Писмените работи се пишуваат со кирилични букви и македонска подршка, ЗНАЧИ никако не смее да се пишува на латинични букви. Мора да внимавате на КОМПОЗИЦИЈА НА ТЕКСТ (воведен, глевен, завршен дел), и да ги пишувате малку навнатре, а после секој интерпукциски знак ЗАДОЛЖИТЕЛНО се остава празно место!
|
Анализа на одбрани песни со градација - ИКТ
ПЛАН ЗА АНАЛИЗА НА ПЕСНИ
1. Лирско Јас
2. Мотив во песната
3. Вид на строфа и стих
4. Стилски фигури со пример
5. Стилски фигури градација - образложена
1. Лирско Јас
2. Мотив во песната
3. Вид на строфа и стих
4. Стилски фигури со пример
5. Стилски фигури градација - образложена
ДИМАНО; КАЧИ СЕ ГОРЕ НА ДИМАН
Димано, Диман-девојко, качи се горе на диван, погледај долу под диван: под диван – поле широко, во поле – стадо големо, во стадо – камен бевценат, на камен – младо овчарче, со сведен кавал свиреше, Димана ми ја славеше. (Пенушлиски, 1973: 61) |
ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ
Зоро златна и румено! Зоро златана посестримо! Ти изгреваш на далеку - дали еднаш ќе изгрееш силно, силно дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина? Кочо Рацин |
Творење на поетска творба со примена на рефрен и апострофа
Анализа на одбрани песни со хипербола
Писмена вежба
НЕ ЗАБОРАВАЈ И ВНИМАВАЈ!
- Писмената вежба никако не смее да се пишува со латинични букви, значи мора да биде напишана со кирилични букви и македонска подршка! ТЕМА - ЕКО СОДРЖИНА (да нема отстапувања од неа, јасно, прецизно и точно) Писмена вежба по нивоа: 1. Структура на текст, најмногу 7 правописни грешки, солиден стил. 2. Постои стрктура на текст - не е правилно застапена, најмногу 15 правописни грешки, добар стил. 3. Правилни реченици со завршена мисла, разбирлив стил без промашување на тема. Тема IV: Уреден двор |
|
Писмена вежба
НЕ ЗАБОРАВАЈ И ВНИМАВАЈ!
|
|
Втора писмена работа по македонски јазик и литература
ВАЖНО:
Правилата Ви се познати, начинот на работа исто така, време е да седнете, да ги стоплите столчињата и да ТВОРИТЕ, пријатна работа - не заборавајте КРАЈОТ го КРАСИ делото! |
|